СЛУШНАЛА РЕПЕТИРАЊЕ ПРЕД ВРАТА, ПОРАНЕШНИОТ ПАРТНЕР Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ Гевгелиската полиција спречи обид за убиство

Полицијата веднаш реагирала. При прегледот на местото, во ормар за чевли бил пронајден пиштол без рамка, а алкотестирањето покажало 3,3 промили алкохол во крвта кај Л.Г.

1,083

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство, информираше Министерството за внатрешни работи. Гевгеличанка пријавила дека на вратата од нејзиниот дом слушнала репетирање на пиштол и дека нејзиниот поранешен партнер Ј.Г, заедно со лицето Л.Г. тропале и се заканувале.

Полицијата веднаш реагирала. При прегледот на местото, во ормар за чевли бил пронајден пиштол без рамка, а алкотестирањето покажало 3,3 промили алкохол во крвта кај Л.Г.






Двајцата осомничени биле уапсени и за нив ќе следува пријава, соопшти МВР.

Според пријавата, лицата затропале на вратата на 25-годишната М.П. на 13 октомври, кај 14:42 часот. Нејзиниот поранешен партнер, кој е уапсен, успеал да дојде користејќи викенд отсуство од казнено-поправна установа.

Поврзани содржини