МОЈСОВА ДА КАЖЕ ДАЛИ СДСМ ЌЕ ГО ПОДДРЖИ СТЕВЧО ВО ВТОРИОТ КРУГ Ќе се спротистави ли на бетонизацијата на Карпош или ќе одмолчи, прашува Цветановска

Само политичар како Стевчо Јакимовски, кој е докажан криминалец, им одговара на Филипче и на Заев и на СДСМ. Затоа Маја Мојсова ја избраа да биде статист на овие избори и да послужи само како сад за прелевање гласови во вториот круг кај нивниот вистински кандидат, Стевчо Јакимовски, вели Благица Цветановска, кандидатка за член на Советот на Општина Карпош.

1,049

Маја Мојсова да каже дали ќе повика во вториот круг од локалните избори да се гласа за Стевчо Јакимовски, кој е осуден криминалец и е на црната листа на САД, праша денеска Благица Цветановска, кандидатка за член на Советот на Општина Карпош.

– Стевчо Јакимовски е осуден од македонските судови, а од САД е ставен на црна листа. Станува збор за криминалец кој местел тендери и правел ДУП-ови по мерка на урбаната мафија. Само политичар како Стевчо Јакимовски, кој е докажан криминалец, им одговара на Филипче и на Заев и на СДСМ. Затоа Маја Мојсова ја избраа да биде статист на овие избори и да послужи само како сад за прелевање гласови во вториот круг кај нивниот вистински кандидат, Стевчо Јакимовски – рече Цветановска.






Маја Мојсова молчи и не кажува до крај дали ќе ја одигра својата улога на статист на овие избори која ѝ ја дадоа Венко Филипче и Зоран Заев, додаде таа.

– Или ќе покаже грам доблест и интегритет и ќе се спротистави на бетонизацијата на Карпош која ја планираат Филипче и Заев преку Стевчо Јакимовски. Маја Мојсова мора да каже јасно и гласно дали во вториот круг ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за бетонизација на Карпош по мерка на Филипче и Заев, за сметка на граѓаните, кои ќе добијат запуштена општина – рече Цветановска.

Поврзани содржини