ПО СКАНДАЛОТ СО КОКАИНОТ Министерот Алиу го назначи д-р Божиновски за нов директор на Клиниката за неврологија

Министерот Алиу рече дека имале неколку состаноци во саботата, а контактирале и со лекарската комора, при што е формирана комисија и побаран е инспекциски надзор. Се очекува извештај што ќе биде споделен со јавноста.

260

Д-р Јован Божиновски е именуван за нов директор на Универзитетската клиника за Нeврологија, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.

Назначувањето следи по разрешувањето на проф. д-р Игор Кузмановски. Тој беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи.






Министерот Алиу рече дека имале неколку состаноци во саботата, а контактирале и со Лекарската комора, при што е формирана комисија и побаран е инспекциски надзор. Се очекува извештај што ќе биде споделен со јавноста.

Алиу рече дека е известен дека д-р Игор Кузмановски немал лиценца, односно била истечена, но со оглед на тоа дека Лекарската комора ги издава тие лиценци, ќе чекаат одлука од нив.

Д-р Игор Кузмановски, кој беше разрешен по појавување на видео во кое зборува за купување „бело“, од март наваму не ја обновил ниту лиценцата за работа, заради што Лекарската комора на Македонија практично и нема што да му одземе.

„Лекарската комора информира дека доктор д-р Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025, но докторот има поднесено барање за нејзино продолжување.

– Во однос на последните случување поврзани со д-р Кузмановски, во овој момент може да информираме дека се разгледуваат сите аспекти и се прибираат информации и документација од надлежните институции што ќе бидат разгледани на органите и телата на Комората во најкус можен рок, по што ќе ја информираме јавноста за донесените одлуки и мерките што ќе се преземат – рече Алиу.

И покрај тоа што неговата лиценца е неважечка повеќе месеци, од ЛКМ велат дека тој дури минатата недела поднел барање за нејзино продолжување. Засега, постапката за обновување е во тек, а неговото име не се наоѓа на официјалниот список на активни лекари објавен на веб-страницата на Комората.

„Јас како министер морам да излезам пред вас со проверени информации, затоа сакам извештај, ќе биде проверено какви услуги здравствени и работа со пациенти имал, па ќе соопштиме“, рече Алиу, прашан како можел докторот Кузмановски да работи со пациенти од март наваму без лиценца, а за директор беше назначен во август.

Поврзани содржини