ЗА ИСТ НАТОВАРЕН КАМИОН РЕК ПЛАЌАЛ ПО НЕКОЛКУ ПАТИ! Судии блиски на СДСМ го штитат криминалот, вели Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ
При испораката на јаглен се користеле лажни фактури, истиот товар се наплаќал повеќепати, а депониите останувале празни. Ова не е грешка, ова е системски криминал – рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
РЕК Битола за време на владата на СДСМ плаќал двојно повеќе на Марковски компани од годината претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати – обвини денеска на прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имено, на 22 ноември 2022 година е склучен договор со Марковски компани, во вредност од 20 милиони евра. Само една година претходно, на 24 јуни 2021 година, за истата услуга се платени 13 милиони евра. Разликата е 7 милиони евра народни пари.
Разликата во крајната сума не е единствениот проблем. Криминалот се случувал и внатре кога во комбинатот доаѓале камионите за мерење. При испораката на јаглен се користеле лажни фактури, истиот товар се наплаќал повеќепати, а депониите останувале празни. Ова не е грешка – ова е системски криминал – рече Манасиевски.
Според членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, судии блиски до СДСМ се борат газдата на Марковски компани да не заврши во притвор и да го спасат колку можат.
– Се плашат дека Марковски ќе ги каже шемите и како и каде завршиле стотици милиони евра од тендерите кои неговата фирма ги добивала во РЕК и ЕСМ. Аздисаноста на власта на СДСМ и желбата да се испумпаат милиони од РЕК и ЕСМ ги чини граѓаните стотици милиони евра кои очигледно завршиле надвор од Македонија, на фирми во Бугарија и во Дубаи – рече Манасиевски.