ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА НАЈНИСКО ПЕТМЕСЕЧНО НИВО Разгорувањето на трговската војна САД – Кина една од повеќето причини
Цените најмногу паднаа во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека почнувајќи од 1 ноември ќе воведе дополнителни 100% царини за увоз на кинески производи, како и ограничувања за извоз на целиот стратешки софтвер во Кина.
На светските пазари, цените на нафтата паднаа и минатата недела, по втор пат по ред, за околу 3%, што е последица на интензивирањето на трговската војна меѓу САД и Кина, најавата на ОПЕК за зголемување на производството и прекинот на огнот во Газа.
Цената на барел на лондонскиот пазар падна минатата недела за 2,8%, на 62,73 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 3,2%, на 58,90 долари.
Цените најмногу паднаа во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека почнувајќи од 1 ноември ќе воведе дополнителни 100% царини за увоз на кинески производи, како и ограничувања за извоз на целиот стратешки софтвер во Кина.
Трамп рече дека на овој начин реагира на исклучително агресивниот трговски став на Кина и дека повеќе нема причина за средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, која требаше да се одржи за две недели.
Кина претходно објави зголемена контрола врз извозот на ретки метали, а потегот на Пекинг дојде откако некои американски политичари повикаа на проширена забрана за извоз на чипови во Кина.
Интензивирањето на трговската војна меѓу САД и Кина би можело да го забави растот на светската економија, а со тоа и побарувачката за енергетски производи.
На цената на нафтата влијаеше и ублажувањето на тензиите на Блискиот Исток. Прекинот на конфликтот би можел да означи почеток на нормализација на сообраќајот, а со тоа и на преминувањето на танкери низ Црвеното Море и Суецкиот канал.
Дополнително, Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници неодамна одлучија да го зголемат производството за 137 илјади барели дневно во ноември, како и во октомври.