ВЕРУВАЈТЕ, ТОА НЕМА ДА ВИ СЕ ДОПАДНЕ! Трамп ѝ порача на Русија дека ќе им испрати „Томахавки“ на Украинците

Испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, според Трамп, би можело да изврши притисок врз Русија и да придонесе за завршување на војната.

2,194

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста САД да ѝ испратат крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, што, според него, би можело да изврши притисок врз Русија и да придонесе за завршување на војната.

Говорејќи пред новинари во авионот „Ер форс уан“ на пат кон Блискиот Исток, Трамп рече дека ќе разговара со Москва и ќе праша: „Дали навистина сакаат ‘томахавки’ да одат во нивна насока? Не мислам дека сакаат.“






Тој додаде дека ќе им порача на руските претставници: „Ако оваа војна не се реши, ќе им ги испратам томахавките.“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски последниве недели повеќепати побара вакви ракети, кои имаат дострел до 2.500 километри и би ѝ овозможиле на Украина да погодува цели и во азискиот дел на Русија.

Трамп го нарече оружјето „неверојатно“ и „многу офанзивно“.

– И искрено, Русија тоа не го сака – потенцираше американскиот претседател. Тој рече дека веќе разговарал и со Зеленски за ова прашање.

Иако го нарече потегот „нова етапа на агресија“, Трамп нагласи дека вреди да се разгледа затоа што сака војната да заврши.

Зеленски претходно објави дека разговарале и за системите „Патриот“ и за ракетите „Томахавк“.

На прашање да ги коментира најавите на Трамп за испораката на ракетите „Томахавк“ рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека „нашиот одговор ќе биде да го зајакнеме системот за воздушна одбрана“, додавајќи дека Русија влегува во последна фаза на тестирање на ново оружје, кое наскоро ќе биде објавено.

📽️ РУСИЈА НАСКОРО ЌЕ ПРЕТСТАВИ НОВО ОРУЖЈЕ Путин одговари на испораките на американски ракети на Украина

Поврзани содржини