ЉУПЧЕ ПОЧИВАЛЕЦ ВЕТУВА ПРИФАТИЛИШТЕ ЗА КУЧИЊА ВО РАДОВИШ Време да се реши горливиот проблем, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ
Овде е планирано да се изгради прифатилиште за кучињата скитници. Тоа е едно од најгорливите прашања на нашите сограѓани. Со тоа ќе обезбедиме поголема безбедност на граѓаните, подобрување на јавното здравје и секако хуман пристап кон животните, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Радовиш.
Љупче Почивалец, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Радовиш во видео вети изградба на прифатилиште за кучиња скитници во градот, доколку ја добие довербата од согрaѓаните.
– Се наоѓаме на локација покрај пречистителната станица во Радовиш. Овде е планирано да се изгради прифатилиште за кучињата скитници. Тоа е едно од најгорливите прашања на нашите сограѓани. Со тоа ќе обезбедиме поголема безбедност на граѓаните, подобрување на јавното здравје и секако хуман пристап кон животните – вели Почивалец.