ИЗЛЕТАЛ СО „ГОЛФ“, ПОЧИНАЛ НА САМОТО МЕСТО Млад возач загина кај гостиварско Чегране

Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Неговата смрт ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

823

Возач починал на самото место откако излетал со својот „фолскваген голф“ на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи. Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Неговата смрт ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот, по наредба на обвинителот, е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Поврзани содржини