СЕ ЈАВУВАЛ ЛИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ДА ГО ЗАШТИТИ ГАЗДАТА НА „ПУЛС“? Обвинителството да не молчи за објавите во медиумите, бара ВМРО-ДПМНЕ

Дали Јавното обвинителство и Љупчо Коцевски постапиле според закон, или го кријат и штитат Оливер Спасовски? ЈО и Љупчо Коцевски да не молчат, порача Викторија Андовска од ВМРО-ДПМНЕ споменувајќи ги објавите во медиумите, според кои, наводно, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип во врска со казна за дискотеката „Пулс“.

1,027

Дали поранешниот прв човек на МВР Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката „Пулс“? Што кријат Јавното обвинителство и јавниот обвинител Коцевски?, прашува Викторија Андовска од ВМРО-ДПМНЕ на партиска-пресконференција.

Во прилог соопштението од пресот на Андовска.






„Според информациите кои излегоа во јавноста, обелоденети од медиумите доаѓаме до фрапантни сознанија и вмешаност на врвот на власта на СДС Мво случајот со нелегалното работење на дискотеката „Пулс“. Имено медиумите објавија телефонска конверзација помеѓу синот на газдата на „Пулс“, Михаил и извесна Бојана.

Од разговорот се влече логичниот заклучок дека власта на СДСМ вешто го штитела газдата на Пулс, а во тоа биле вмешани и министри.

Имено според објавеното во медиумите, на 17 февруари 2022 година, синот на газдата Дејан Јованов – Деко, Михаил, се јавува до извесна Бојана и ја известува дека Оливер Спасовски ( министер за внатрешни работи) се јавувал во СВР Штип, за да ургира за дискотеката. И тоа со зборовите – ‘Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас’. По што Бојана го прашува Михаил зошто се јавувал Оливер Спасовски, дали за да ја намалат казната и за каква казна станува збор? По што Михаил ѝ кажува дека добил информација за казна која требало да им биде наплатена од УЈП, во висина од 40.000 евра ѝ дека ургенцијата била со цел да не им досадува полицијата.

И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде … кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат, завршува Михаил. ЈО и Љупчо Коцевски треба да кажат дали истражиле и дали го повикале Оливер Спасовски на информативен разговор, дали е извршена проверка во полицијата во Штип и Кочани и дали постоела негова ургенција?

Дали Јавното обвинителство и Љупчо Коцевски постапиле според закон, или го кријат и штитат Оливер Спасовски? ЈО и Љупчо Коцевски да не молчат.

Каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на дискотеката Пулс и работата на дискотеката?“, прашува Андовска од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини