АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ВЛЕГУВА ВО БИЗНИСОТ СО БАКАР НА АЛЈАСКА Купи удели во компанијата која истражува критични метали во округот Амблер

Претходно Трамп ја поништи и одлуката на администрацијата на Џо Бајден да го отфрли проектот Амблер Роуд - индустриски пат долг 340 километри низ дивината на Алјаска. што се оценува како посветеност на владата кон развојот на природните ресурси на Алјаска.

105

Белата куќа објави дека влегува во партнерство со канадската компанија за истражување и развој на метали „Технолоџи Металс“(Trilogy Metals) како дел од поширок план за отклучување на домашните резерви на бакар и други критични метали во рударскиот округ Амблер во Алјаска.

Компанијата поседува 50% удел во Ambler Metals која ги реализира проектите за минерали во северозападна Алјаска.






Наоѓалиштето, според канадската компанија е едно од најквалитетните наоѓалишта на бакар познати во светот, со проценета просечна содржина од околу 5% еквивалент на бакар и одредени количини на пропратните метали цинк, олово, злато, сребро.

Партнерството на владата и компанијата вклучува инвестиција од 35,6 милиони долари, што ја прави американската влада десет проценти акционер во канадската компанија.

Компанијата ја поздрави одлуката на претседателот Доналд Трамп да издаде дозволи за развој на критични метали во Алјаска, велејќи дека округот Амблер е „дом на некои од најбогатите познати полиметални наоѓалишта доминирани од бакар во светот“.

Претходно Трамп ја поништи и одлуката на администрацијата на Џо Бајден да го отфрли проектот Амблер Роуд – индустриски пат долг 340 километри низ дивината на Алјаска. што се оценува како посветеост на владата кон развојот на природните ресурси на Алјаска.

Компанијата смета дека овој потег  на американската влада ќе помогне во обезбедувањето на домашните синџири на снабдување со метали како што се бакар, кобалт, цинк и олово, истакнувајќи ја нивната важност за енергетската инфраструктура, одбранбените технологии и производството.

Акциите на компанијата Trilogy Metals, која котира на берзата во САД, скокнаа за повеќе од 250% по најавата дека САД ќе купат 10% удел во канадската фирма.

„Трилоџи Металс Инк.“ е компанија за истражување и развој на метали која поседува 50% удел во „Амблер Металс ДОО“, која има 100 проценти удел во „Апер Кобук Минерал Проектс“ („УКМП“) во северозападна Алјаска.

На 19 декември 2019 година, „Саут32“, глобално диверзифицирана компанија за рударство и метали, ја искористи својата опција за формирање заедничко вложување 50/50 со „Трилоџи“.

Апер Кобук Минерал Проектс е дел од  рударскиот округ Амблер, кој е еден од најбогатите и најперспективните познати области во светот каде што доминира бакарот.

Поврзани содржини