ИЗРАЕЛ ЌЕ ОСЛОБОДИ 11 ЗАТВОРЕНИЦИ НА ХАМАС Според договорот, треба да излезат 250 осуденици

Израел, според договорот, ќе ослободи околу 250 Палестинци осудени на доживотен затвор и приближно 1.700 лица притворени по нападот на Хамас пред две години со кој формално беше означен почетокот на конфликтот.

297

Израелското воено радио денеска објави дека, согласно постигнатиот договор за Газа, ќе бидат ослободени 11 затвореници од редовите на Хамас, а не од Фатах, како што било првично предвидено.

Според достапните информации, измената на списокот на ослободените била направена во последен момент.






Воен портпарол потврди дека прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас стапи во сила денеска напладне.

Договорот е прва фаза од мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп и предвидува ослободување на сите израелски заложници, како и повлекување на израелските сили до заеднички договорена линија во Газа.

Израел, според договорот, ќе ослободи околу 250 Палестинци осудени на доживотен затвор и приближно 1.700 лица притворени по нападот на Хамас пред две години со кој формално беше означен почетокот на конфликтот.

Поврзани содржини