НЕ Е ВИСТИНА ДЕКА СОПРУГАТА ГО НАРАЧАЛА АТЕНТАТОТ ВРЗ МЕНЕ Доктор Шаини бара полицијата итно да ги најде сторителите
Ако навистина беше така како што се преставува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа Арјета Ајдини. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со нашите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане, рече денеска д-р Зекирија Шаини.
Пулмологот Зекирија Шаини и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково денеска во Куманово истакна дека неговата сопруга Арјета Ајдини не е поврзана со атентатот што беше извршен врз него пред три дена. Тој одржа прес-конференција во близина на седиштата на Општината Куманово и на кумановската полиција, точно на местото каде пешак пукаше во него додека тој се движеше со возило.
Докторот на прес-конференцијата стоеше пред тунелот низ кој избега напаѓачот, кој сè уште не е уапсен. Побара надлежните да го откријат вистинскиот сторител на инцидентот, а случајот да не го претставуват како сеемен спор.
Шаини денеска им се заблагодари на сите што биле со него во овие моменти.
– Изјавувам пред јавноста дека немам никакво сознание за мотивите на овој атентат, немам нерасчистени сметки со никого, не сум нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго. Целосно ги отфрлам како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова дело стои мојата сопруга Арјета Адили. Затоа итно барам од истражните органи да ја разјаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а особено имиџот на госпоѓата Арјета Адили – рече д-р Шаини.
Овој случај, за жал, се преставува со јасна намера за моја дискредитација и на моето семејство, како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста, додаде тој.
– Барам од истражните органи, апелирам до нив да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен за случајот, а не настанот да го прикажат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколу навистина беше така како што се претставува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со нашите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане – рече Шаини.
Тој апелираше и до политичарите да не го злоупотребуваат случајот за политички поени во време на предизборна кампања.
– Уште еднаш ги молам органите на прогонот да се справат со откривањето на вистинскиот сторител на овој атентат, ставајќи ја мојата соработка на располагање секогаш кога ќе се појави потреба за разјаснување на овој случај, бидејќи самиот лично сум заинтересиран ова прашање што поскоро да добие епилог и вистината да излезе на виделина. Исто така, апелирам до политичарите кои брзаат да го претстават овој случај пред надлежните органи како семеен спор, не само мојот случај, туку сите такви случаи, да не го гледаат во светлината на добивање политички поени во овој момент од предизборната кампања по повод локалните избори – додаде Шаини.
Докторот Шаини пред три дена среде бел ден беше цел на вооружен напад кој е снимен со камера. Тој беше погоден со три куршуми во левата подлактица и во десното колено и беше пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Следниот ден, во средата, беше пуштен на домашно лекување.
Од Јавното обвинителство информираа дека во врска со инциденот во Куманово се поднесени кривични пријави против едно лице за загрозување на сигурноста, како и против поранешната сопруга на оштетениот за поттикнување при извршување на тоа дело. Пријавите се однесуваат на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат.
УАПСЕНА СОПРУГАТА НА РАНЕТИОТ ДОКТОР Жената се сомничи дека нарачала да го убијат Шаини во Куманово