📽️ ИЗРАЕЛ СЕ ПОВЛЕКУВА, НО ЌЕ КОНТРОЛИРА 53% ОД ГАЗА Операцијата треба да заврши за 24 часа

Според информациите на Тајмс оф Израел, повлекувањето започнало во текот на ноќта. Операцијата се извршува под силно воено обезбедување, што укажува на можно присуство на безбедносни закани.

534

Израелските сили почнаа да се повлекуваат од Појасот Газа, сугерираат снимките објавени на социјалните мрежи. Тајмс оф Израел објави дека се работи за делумно повлекување, односно дека некои единици веќе се повлекле, дека други остануваат на линиите на распоредување.

Меѓутоа, иако повлекувањето е дел од договорот со Хамас, Израел ќе задржи контрола врз 53% од палестинската енклава, се вели во статијата.






Според информациите на Тајмс оф Израел, повлекувањето започнало во текот на ноќта. Операцијата се извршува под силно воено обезбедување, што укажува на можно присуство на безбедносни закани.

 

Сепак, целосното повлекување не значи и целосен излез. Израел ќе задржи контрола над таканаречената „тампон-зона“, која се протега по целата граница на Газа, вклучувајќи ги северните населени места Беит Ханун и Беит Лахија, источните падини кај градот Газа, како и значителни делови од Рафа и Кан Јунис во јужниот дел од територијата.

Според проценките, Израел ќе ја заврши операцијата во рок од 24 часа од ратификацијата на договорот.

Поврзани содржини