ДВЕ НОВИ УЧИЛИШТА, ДВЕ ГРАДИНКИ, МЕГА-ПАРКОВИ, ЗАТВОРЕН БАЗЕН… Што предвидува програмата на Дарко Костовски за Бутел

Покрај изградба на нови мега-паркови, две основни училишта, кружен тек на улицата Бутелска, ветуваме изградба на затворен пливачки базен во дворот на ООУ Св. Климент Охридски, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

62

Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум. Актуелниот градоначалник Дарко Костовски изминатите 4 години реализираше дури над 90 проценти од својата програма. Дополнително во Бутел се реализираа повеќе од 70 проекти кои не беа дел од програмата, што само покажува и докажува дека Костовски ги слуша барањата на граѓаните и работи во нивен интерес, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Општина Бутел мора да продолжи да се гради и развива во модерна и урбана општина. Затоа во програмата за претстојните локални избори, е предвидено изградба на две основни училишта во Љубанци и Љуботен, каде што на учениците ќе им се обезбедат соодветни услови за следење на наставата.






Покрај ова предвидена е изградба на прва детска инклузивна градинка со капацитет за сместување на 120 дечиња, како и други две градинки во Радишани и Визбегово.

Покрај изградба на нови мега паркови, две основни училишта, кружен тек на улицата Бутелска со улицата Александар Урдаревски со што ќе се намали сообраќајниот хаос, ветуваме изградба на затворен пливачки базен во дворот на ООУ Св. Климент Охридски, асфалтирање на улици, се обврзуваме на изградба на противпожарен пункт, како и изградба на пазар во населено место Радишани“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата потсетува дека, за сето ова да се реализира, потребна е поддршката од граѓаните на Општина Бутел, и ги повикува на 19 октомври да излезат и да го дадат својот глас за број 9 за Дарко Костовски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини