ОД МОЧУРИШТЕ СО АЛИГАТОРИ, ДО РЕВИЈА НА ВАЛЕНТИНО Лана Дел Реј и нејзиниот сопруг се појавија заедно на Неделата на модата во Париз

Пејачката Лана Дел Реј и нејзиниот сопруг Џереми Дуфрен кој работи како туристички водич за набљудување алигатори во Луизијана, се појавија на ревијата на Валентино за време на Неделата на модата во Париз и не ја криеја својата љубов.

186
Лана Дел Реј и нејзиниот сопруг Џереми Дуфрен се појавија на ревијата на Валентино за време на Неделата на модата во Париз и не ја криеја својата љубов.

Двојката размени нежни бакнежи пред камерите, а нивните прегратки и држење за раце покажуваа колку се среќни и поврзани.

– Џереми не изгледа како просечен сопруг на ѕвезда од А-листата, но веројатно затоа тој и Лана се толку симпатичен пар, кој го привлекува вниманието – вели експертот за говор на телото, Џуди Џејмс за „Дејли меил“.

Имено, сопругот на Лана дел Реј е татко на две деца, а работи како капетан и туристички водич за набљудување алигатори во мочуриштата на Луизијана, кои се полни со алигатори, чапји, јастреби и други животни. Иако е далеку од гламурозниот живот на поп-ѕвезда, очигледно е дека е важен за Лана, чии речиси сите врски биле со мажи кои имаат донекаде неконвенционални кариери.

Лана и Џереми се запознале во 2019 година кога таа била посетител на една од туристичките тури низ мочуриштето.

Двојката која ретко се појавува во јавност го привлече вниманието за време на пролетната ревија на Валентино за 2026 година во Париз во рамките на Неделата на модата, експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, откри за „Дејли меил“ дека не станува збор за шоу пред камерите, туку за вистински чувства.

Поврзани содржини