ЕХФ СО ГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО НАШИТЕ АРБИТРИ Две македонски двојки ќе судат на ЕП

За првпат на едно Европско првенство ќе настапат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои ќе го имаат своето деби меѓу најдобрите судии на континентот. Покрај нив, очекувано на листата се и најпознатите македонски ракометни судии – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

157

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на 18 судиски двојки кои ќе делат правда на претстојното машко Европско првенство во ракомет, што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.

Во изборот се најдоа и две македонски судиски двојки, што претставува историски успех за македонското судиско ракометно тело.






За првпат на едно Европско првенство ќе настапат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои ќе го имаат своето деби меѓу најдобрите судии на континентот.
Покрај нив, очекувано на листата се и најпознатите македонски ракометни судии – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои со години се дел од најголемите ракометни натпреварувања во светот.

Според познавачите на ракометот, фактот што ЕХФ номинирала две македонски двојки е огромно признание и доказ за високото ниво на професионалност и квалитет што го покажуваат македонските судии на меѓународната сцена.

Покрај судиското присуство, и македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од шампионатот.
Нашите ракометари ќе играат во групата Б, заедно со Данска, Португалија и Романија, а натпреварите ќе се одржуваат во данскиот град Хернинг.

Очекувањата се дека Македонија ќе се покаже во најдобро светло и ќе избори пласман во следната фаза на натпреварувањето.

Поврзани содржини