КАПИТЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СТАНА ТАТКО Енис Барди го доби своето прво дете, ќерката Аја

Алах нè благослови мене и мојата сопруга со оваа прекрасна ќерка. Направи ја праведна и дај ѝ здравје, напиша капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди кој веста и првата фотографија со ќерката ги објави на својот профил на Инстаграм.

242

 

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија стана татко. Неговата сопруга Фестина роди девојче, на кое со фудбалерот ѝ го дадоа името Аја.






Веста за породувањето први ја објавија од клубот на Барди, TÜMOSAN Konyaspor од Турција.

Тие на Инстаграм објавија фотографија од болницата на која се родителите со новороденчето.

– Нашиот фудбалер Енис Барди и неговата почитувана сопруга Фестина добија ќерка, Аја. Им честитаме и му посакуваме на бебето Аја среќен и здрав живот – пишува во пораката од клубот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TÜMOSAN Konyaspor (@konyaspor)

По ова и самиот фудбалер на Инстаграм објави прва фотографија со ќерката.

– Алах нè благослови мене и мојата сопруга со оваа прекрасна ќерка. Алах, направи ја праведна и дај ѝ здравје – напиша фудбалерот.

Фото: Принтскрин

 

Инаку, Барди веќе пристигна во Скопје и ги почна тренинзите со репрезентацијата за квалификациите за Светското првенство во фудбал, во чии рамки на 10 октомври ќе играат натпревар против Белгија на гости, а потоа на 13 октомври дома го пречекуваат Казахстан.

Поврзани содржини