ИЗБЕГА ОД КУЌЕН ПРИТВОР, СЕ РАЗНЕСЕ ВО ИЗНАЈМЕН СТАН ВО БЕЛГРАД На загинатиот манекен Сипковски му се судеше за обид за убиство

Сипковски до скоро беше во куќен притвор во Скопје за предмет во кој беше обвинет за обид за убиство. Постапката протов него се води повеќе од година и за тоа време тој бил во својот дом, но неодамна избегал и влегол во Србија. 

2,399

Македонецот Мартин Сипковски (21) кој загина од експлозија што се случи на 1 октомври околу 21.30 часот во стан на улица Косовска во Белград имал кај себе околу 1,5 килограм експлозив „пентрит“, што го разнесе изнајмениот стан, објавија белградските медиуми.

Тој го внел експлозивот во изнајмениот стан еден ден претходно и се претпоставува дека го активирал со неспретно ракување.






Српските истражни органи вчера го утврдија неговиот идентитет, за време на обдукцијата, со размена на податоци меѓу српската и македонската полиција и со анализа на ДНК.

Сипковски до скоро беше во куќен притвор во Скопје за предмет во кој беше обвинет за обид за убиство. Постапката протов него се води повеќе од година и за тоа време тој бил во својот дом, но неодамна избегал и влегол во Србија.

Против загинатиот Мартин полицијата лани поднесе 3 кривични пријави за предизвикување општа опасност и за поттикнување, како и 2 кривични дела помагање. Тој беше обвинет дека во ноември 2023 година запалил автомобл во Скопје, а додека возилото горело снимале со мобилен телефон. По неколку дена испукал неколку куршуми кон влезна врата од станот на И.О, а истото го повторил и на 28.11.2023 година на булеварот АСНОМ во Скопје, кога испукал неколку куршуми кон паркирано патничко возило.

Пред да се судри со законот Мартин Сипковски играше ракомет за клубот Вардар, а потоа се посвети на манекенството.

Според медиумите во Србија, експлозивниот „пентрит“ бил наменет за ликвидација на членови на криминална организација од Нов Белград. Во Белград завчера е уапсен Филип В. (26),  под сомнение дека му го предал експлозивот на Сипковски, кому му го дал на чување.

Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се наоѓал Мартин, како и два други стана.

 

21-ГОДИШНИОТ МАНЕКЕН МАРТИН Е ЗАГИНАТИОТ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЛГРАД Бомбата ја активирал со несмасно ракување

Поврзани содржини