РАЦЕТЕ НА ВОЛАНОТ, ОЧИТЕ НА ПАТОТ! Полицијата ги засили контролите на возачите

Употребата на мобилен телефон за време на возење го зголемува ризикот од сообраќајна незгода и до 20 пати.

159

Во периодот од 6 до 12 октомври, сообраќајната полиција при МВР спроведува засилени контроли за употреба на мобилен телефон и слушалки за време на возење, соопшти полицијата.

Акцијата е дел од меѓународната ROADPOL кампања „Фокус на патот“, која се одвива истовремено во 34 европски држави.






Употребата на мобилен телефон за време на возење го зголемува ризикот од сообраќајна незгода и до 20 пати.

„Вашата концентрација и брзата реакција можат да спасат живот. Возачи и пешаци – не ризикувајте! Телефонот оставете го на страна додека возите или преминувате улица. Рацете на воланот, очите на патот – телефонот нека почека!“, порачува МВР.

 

Поврзани содржини