📽️ КАМЕЊА ВРЗ ШЕФОТ НА ЕКВАДОР, НЕМА СУБВЕНЦИИ ЗА НАФТА 500 луѓе го опколија автомобилот на Нобоа
Претседателот не е повреден (по инцидентот со камењата, додека 5 лица се уапсени), додаде министерката Манзано, која официјално поднесе извештај за обидот за атентат врз претседателот на Еквадор.
Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 лица додека доаѓал на настан во покраината Канар, и врз него биле фрлани камења, а пронајдени се и траги од оштетувања од куршуми, изјави денеска министерката за животна средина и енергетика на земјата, Инес Манзано.
Конфедерацијата на домородните народи на Еквадор (CONAIE) започна штрајк пред 16 дена, организирајќи маршеви и блокади на патиштата во знак на протест против одлуката на владата да ги укине субвенциите за дизел гориво.
🔴 En el día 16 del paro convocado por la Conaie, un grupo de manifestantes atacó una caravana en la que se trasladaba el Presidente Daniel Noboa hacia Sigsihuayco, en la provincia de Cañar, para entregar un sistema de alcantarillado.
📋 El hecho ocurrió mientras la fuerza… pic.twitter.com/iHdBYZgJNo
— Ecuadorplay (@EcuadorPlay) October 7, 2025
Претседателот не е повреден (по инцидентот со камењата, додека 5 лица се уапсени), додаде министерката, која официјално поднесе извештај за обидот за атентат врз претседателот Нобоа.
– Пукање врз автомобилот на претседателот, фрлање камења, уништување државен имот – тоа е едноставно криминално. Нема да го дозволиме тоа – рече Манзано.
Видео од автомобилот, објавено од Канцеларијата на претседателот, покажува луѓе покрај патот како фрлаат камења и скршено стакло кон прозорецот на автомобилот.
Конфедерацијата на домородните народи на Еквадор (CONAIE) објави дека полицијата и војската ги нападнале луѓето што се собрале за доаѓањето на претседателот, а меѓу нив имало и постари жени.
„Најмалку петмина од нас се произволно уапсени“, пишуваше во нивниот пост на платформата Икс.