ТУЖБА ЗА ГЕНОЦИД ЗА МЕЛОНИ, ТАЈАНИ И ЗА КРОЧЕТО „Ваков случај немало во историјата“

Јас, Крочето, Тајани и веројатно Чинголани сме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид. Не мислам дека постои друг ваков случај во историјата, рече италијанската премиерка за тужбата во која е наведено дека италијанската влада го снабдувала Израел со, како што се вели, смртоносно оружје.

819

Тужба за геноцид ја тресе италијанската политичка сцена. Премиерката Џорџа Мелони ноќеска јавно призна дека Меѓународниот кривичен суд ги обвинил неа, двајца министри и шефот на военоиндустрискиот гигант „Леонардо“ за соучество во злосторства против човештвото , јави „Кориере дела Сера“.

Во телевизиско интервју, Мелони изјави дека обвиненијата ги вклучуваат неа, министерот за одбрана Гвидо Крочето, министерот за надворешни работи Антонио Тајани и извршниот директор на „Леонардо“, Роберто Чинголани.






– Јас, Крочето, Тајани и веројатно Чинголани сме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид. Не мислам дека постои друг ваков случај во историјата – рече италијанската премиерка.

Според документите, тужбата е поднесена од група правници, професори и јавни личности кои себе си се нарекуваат „Адвокати и застапници за Палестина“.

„Со снабдувањето на израелската Влада со смртоносно оружје, италијанската Влада станала соучесник во геноцидот и воените злосторства врз палестинскиот народ“, наведоа авторите на поднесокот.

Во повикот до судот во Хаг се бара отворање формална истрага.

 

Поврзани содржини