МИНИРАЈЌИ ЗА АВТОПАТ, СО КАРПИ ЗАТРУПАЛЕ ФАБРИКА Полицијата поднесе кривични пријави за инцидентот што се случил во март
Пријавените правни субјекти на 25.3.2025 година, при изведување на градежни работи на автопатот Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање предизвикале општа опасност на тој начин што паднала поголема карпа во погон на фабрика за производство за цигли, при што била оштетена и цистерна, сопственост на фабриката, соопшти полицијата.
При минирање на карпи при изградбата на автопатот Гостивар-Кичево во март, карпа паднала врз фабрика за цигли во селото Бањица, информираше полицијата, која поднесе кривични пријави против подружници на два странски правни субјекти.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против подружници на два странски правни субјекти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност при градежни работи. Пријавените правни субјекти на 25.3.2025 година, при изведување на градежни работи на автопатот Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање предизвикале општа опасност на тој начин што паднала поголема карпа во погон на фабрика за производство за цигли, при што била оштетена и цистерна, сопственост на фабриката“, соопшти полицијата.