🎥 ЕДЕН ОД НАЈСРАМНИТЕ, НАЈГРДИ И НАЈЛИЦЕМЕРНИ ЧЕКОРИ НА ЕУ! Драган Ѓилас смета дека Брисел ѝ го свртел грбот на Македонија
Лидерот на опозициската Партија на слободата и правдата во Србија смета дека оваа година нема да има избори во Србија и дека тие би можеле да се одржат најрано напролет следната година.
Постојаните блокади, условувања и пролонгирањето на преговорите за пристапување на Македонија во Европската Унија постепено ја убија желбата за ЕУ и кај оние граѓани кои ја поддржуваат идејата за пристапување кон Унијата – укажува лидерот на најголемата српска опозициска Партија на слободата и правдата Драган Ѓилас во интервју за Сител.
– И тогаш во Македонија се случи Европската Унија да ви го сврти грбот. И тоа е еден од најлошите, најгрдите и најлицемерните чекори на Европската Унија во последните неколку децении. Македонците направија сѐ, прифатија нивната земја да се нарекува поинаку, прифатија промена на сите оние работи што од нив се бараа, сменија име на автопат, на аеродром и сѐ што се бараше, сѐ прифатија. И тогаш кога требаше да се отворат преговорите, се појави Макрон и одеднаш смисли некој нов начин (на водење на преговорите, наша заб.), не знам зошто, предизвика шок за сите, па се пролонгираа преговорите. А потоа се појавуваат, секако, браќата Бугари, кои секогаш имаат некои свои посебни аспирации кон Македонија, а инаку често и кон Србија, и на крајот потоа ништо не се придвижува. И луѓето велат, чекај, зошто сето ова го правевме? И во добар дел ја убиваат идејата за Европската Унија кај оние кои се за Европската Унија – рече Ѓилас.
Лидерот на опозициската Партија на слободата и правдата смета дека оваа година нема да има избори во Србија и дека тие би можеле да се одржат најрано напролет следната година.