„АЕРОДРОМ ЌЕ ДОБИЕ СПОРТСКИ ЦЕНТАР ОД 100.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ“ Ова е еден од приоритетите на Митески од ВМРО-ДПМНЕ
Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства, велат од ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека спортот е еден од приоритетите во програмата на кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески.
Еден од приоритетните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е изградба на нов модерен спортски центар, соопшти партијата.
Според написот, локацијата каде што е предвидена изградбата е покрај реката Вардар, на потегот од паркот „Авионче“ до „Рајскиот парк“.
„Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства.
Вложување во спортот е вложување во физичкото и метално здравје на граѓаните. Наша примарна цел е да обезбедиме соодветни услови каде што ќе можат да спортуваат идните млади спортисти, но и докажани врвни шампиони.
Македонија има огромен потенцијал да создава идни спортисти кои ќе носат врвни резултати и успеси.
Затоа ги повикуваме граѓаните од Општина Аеродром на 19 октомври да излезат и да го поддржат Дејан Митески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
За Аеродром да биде урбана и модерна општина. Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Направете го вистинскиот избор! Заокружете 9“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.