🎥 МЕГАН МАРКЛ ГИ КРЕНА НОЗЕТЕ НА ПРЕДНОТО СЕДИШТЕ ВО НЕЗГОДЕН МОМЕНТ Постапката на војвотката ги згрози обожавателите на Лејди Ди

Меган Маркл објави сцена од Париз на Инстаграм и наместо сеќавање на покојната Лејди Дајана, сопругата на Хари ги кренала нозете во автомобилот за да се одмори...

2,442

Додека Меган Маркл, војвотката од Сасекс, одеше по улицата Севр во Париз во елегантен бел фустан од Баленсијага, светот на модата аплаудираше.

Но, светот што се сеќава на принцезата Дајана – подоцна беше запрепастен. Бидејќи Париз не е само град на светлината. За многумина, тоа е место на тага. Местото каде што, во август 1997 година, мајката на нејзиниот сопруг почина во тунелот Pont de l’Alma.






На Инстаграм, Меган објави видео со наслов „за синоќа“. Снимки од Ајфеловата кула, Триумфалната капија, светлата на Париз… и снимка од автомобилот.

Ноќно возење по бреговите на Сена, камера на задното седиште, додека автомобилот се движи кон Pont de l’Alma.  И потоа – моментот што згрозил многумина:

Меган ги крева нозете, во чевли од Баленсијага со вртоглави потпетици од 745 фунти, на седиштето пред неа. За некои ова може да изгледа како „сува“ елеганција, но за обожавателите на принцезата Дајана тоа е најлошото непочитување во најчувствителен момент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Кралскиот коментатор Ричард Фицвилијамс изјавил за Дејли Меил дека објавата на Меган била: „Збунувачка. Апсолутно глупава. Нечувствителна до неверојатен степен.“

– Не знам каде ѝ бил паметот… па, веројатно не размислувала. Да се ​​објави видео кое има каква било врска со трагичната смрт на принцезата Дајана – тоа е спротивно на здравиот разум – рекол тој.

Во своите мемоари од 2023 година, принцот Хари опишува како, за време на Светското првенство во рагби во 2007 година, намерно побарал да биде возен низ тунелот Pont de l’Alma – истата рута по која одела неговата мајка.

– Му реков на возачот да вози со 65 милји на час – точно со онаа брзина што ја навела полицијата. Не 120, како што тврдеа медиумите.

Хари признава дека тоа била лоша идеја, обид да ја затвори во себе таа приказна, но наместо тоа доживеал конечно соочување: „Помислив: „Навистина е мртва. Боже, навистина е замината засекогаш.“

Затоа, велат обожавателите, е особено болно да се види Меган како вози ноќе толку блиску до местото на трагедијата, без каков било знак на контемплација. Наместо тишина – Инстаграм. Наместо почит – кренати нозе.

Тимот на војвотката објави соопштение пред ревијата: „Меган, војвотката од Сасекс, присуствуваше на ревијата на Баленсијага во Париз во поддршка на Пјерпаоло Пичоли, кој неодамна ја презеде функцијата креативен директор на модната куќа. Ова е нејзино прво враќање на модни ревии по повеќе од една деценија.“

Меган се појави сама, без својот сопруг, во придружба на долгогодишниот пријател Маркус Андерсон од SoHo House.

За фановите на принцезата Дајана, возењето на Меган низ улиците на Париз не беше моден момент – туку момент што бараше тишина, почит и свест за минатото. Наместо тоа, тие добија видео со нејзините кренати нозе, без контекст, без емпатија, без разбирање.

 

Поврзани содржини