УТРЕ СИЛЕН ВЕТАР ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА Мето-аларм од УХМР

Од четврток следи период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

500

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска сподели „метео аларм“ за утрешниот ден (07.10.2025).

Имено, УХМР во објава на својот профил на Фејсбук прогнозира дека утре ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).






На фотографијата која ја сподели УХМР прикажано е кои делови од Македонија ќе бидат зафатени со силен ветер.

Според прогнозата, до среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Потоа следи период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

Поврзани содржини