АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ ГИ ПОДОБРИ УСЛОВИТЕ ЗА БИЗНИС ВО МОГИЛА Ќе се зголемат вредноста на имотите и бројот на туристите, очекува Николоски

Веќе се работи на водоснабдување на неколку населени места како Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Попадинци и други коишто се приклучуваат на регионалниот водовод во Битола, а таа инвестиција е вредна 18 милиони денари, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешниот митинг во Могила.

58

Можам да најавам дека веќе во текот на овој месец, доколку временските услови нè послужат, почнуваме со целосна реконструкција на улица АСНОМ, инвестиција вредна 170.000 евра, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешниот митинг во Могила.

Тој додаде дека веќе се работи на водоснабдување на неколку населени места како Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Попадинци и други коишто се приклучуваат на регионалниот водовод во Битола, а таа инвестиција е вредна 18 милиони денари.






Во врска со патната инфраструктура, Николоски наброја проекти вредни неколку милиони денари.

– Потпишани се договори со изведувачи на улици коишто треба да се градат, како улицата Пелагонија во вредност од 12,3 милиони денари, заедно со атмосферска канализација. Договор со изведувач е потпишан за реконструкција на улицата Гоце Делчев и за изградба на атмосферска канализација, во вредност од 8,1 милиони денари. Во тек е рехабилитација на дел од парот Долно Српци до село Беранци во вредност од 5,4 милиони денари – рече Николоски.

Николоски посочи дека и во следниот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава поддршка и за бројни други проекти кои ќе се работат во општина Могила и во другите населени места.

– Тоа е доказ дека сакаме да инвестираме, дека сакаме да работиме. А, доказ дека знаеме да завршуваме проекти се и завршените улици во цело Трновци, завршената реконструкција на улица Шемница и бројни други проекти кои заедно со градоначалникот ги работевме и ќе ги работиме. А тука е најкрупниот проект, изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, најголема поединечна инвестиција во моментов во државата, 40 километри автопат, којшто многу ќе значи за општина Могила, затоа што ќе се зголеми протокот на возила, ќе се подобрат условите за бизнис. Сите што имаат имот покрај автопатот ќе добијат поголема вредност на имотот, а ќе се зголеми и протокот на туристи коишто ќе поминуваат оттука – истакна Николоски.

Поврзани содржини