СКОПЈАНИ ВО НЕЧИСТОТИЈА, А ТЕНДЕРИТЕ НА „КОМУНАЛНА“ ОДАТ ЗА ПАРТИСКИ СЕМЕЈСТВА Каде се 1,4 милион евра за возилата, Вреди го прашува ДУИ

На 19 октомври, граѓаните на Скопје и Чаир имаат можност да го исчистат градот - не само од ѓубрето, туку и од оние кои со години го користат јавното претпријатие „Комунална хигиена“ за тендери и политички профити, вели Сабри Азири од Вреди.

155

Партијата ДУИ, чиј кандидатот за градоначалник на Чаир е Бујар Османи, е директно одговорна за мизерната состојба со хигиената во Скопје, особено во Чаир, рече денеска портпаролот на локалниот штаб на Вреди во Чаир, Сабри Азири.

– Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, изминативе денови излегува пред јавноста претставувајќи се како загрижен родител и како лекар револтиран од нечистотијата во општината. Тој еднаш го нарече Чаир „Кандахар“, а потоа изјави дека ова е највалканата општина во Скопје. Но, граѓаните на Чаир треба да ја знаат вистината: за состојбата со нечистотијата е одговорна токму партијата на Османи и нивните кадри – рече Азири.






Според него, наместо да се грижат за општината, кадрите на ДУИ со години го саботирале функционирањето на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и го претвориле во извор на злоупотреби со милионски тендери.

– Дозволија сериозни злоупотреби во јавното претпријатие задолжено за чистотата на градот Скопје. Само од јануари оваа година се склучени договори во вредност од над 1,4 милион евра и тоа: 422.000 евра за сервисирање возила, 276.000 евра за гуми, 253.000 евра за контејнери за отпад и друга опрема, 192.000 евра за четки и други делови. Значи, потрошени се цели 1,4 милион евра од парите на граѓаните. А сепак, реалноста е сосема поинаква – Скопје, а особено Чаир, се дави во ѓубре – рече Азири.

Тој нагласи дека тендерите се користат за збогатување на партиски семејства и за клиентелистички договори.

– Ова се „резултатите“ од милионските тендери: камиони и возила во катастрофална состојба, кои не можат да ја извршат ни најосновната функција – чистење на градот. Додека граѓаните живеат во нечистотија, тендерите на „Комунална хигиена“ се користат за збогатување на партиски семејства и за клиентелистички договори. Да потсетиме – постои и договор од 12.000 евра за „интелектуални услуги“ со фирмата „Хели консалт“, во сопственост на синот на Блерим Беџети – додаде портпаролот Азири.

Тој го повика Бујар Османи тој и неговите сопартијци да им дадат објаснување на жителите на Чаир за ова.

– Вие им должите на жителите на Чаир објаснување. Како е можно да се потрошат 1,4 милион евра за сервисирање на возниот парк, а возилата да бидат во ваква скандалозна состојба? И како имате храброст, без срам, да излегувате со футуристички ветувања и празни зборови? Почитувани граѓани, не е доволно да се игра улогата на загрижен лекар кога си дел од самиот проблем. На 19 октомври, граѓаните на Скопје и Чаир имаат можност да го исчистат градот – не само од ѓубрето, туку и од оние кои со години го користат јавното претпријатие „Комунална хигиена“ за тендери и политички профити – потенцираше Азири.

Поврзани содржини