ОБНОВЕНИ МОСТОВИ, НОВИ ТРОТОАРИ И ОСВЕТЛЕНИЕ НА ДРАГОР Реката ќе нè обединува, ветува Коњановски

62

 

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина, најави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски.






Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди, вели тој.

– Со овој проект не само што ја заштитуваме реката и околината, туку создаваме простор кој ќе нè обединува. Реконструираните мостови и новите пешачки патеки ќе овозможат полесно и побезбедно движење, ќе го поврзат градот од сите страни и ќе ја зајакнат неговата функционалност. Дополнително, поставувањето на современо, енергетски ефикасно осветлување, ќе овозможи Драгор да биде жив и безбеден дел од градот и во текот на ноќта. Вистинскиот избор е Драгор да добие поинакво руво и да биде доказ дека традицијата и современите решенија одат рака под рака – вели Коњановски.

 

Поврзани содржини