ДАЛИ АРТАН ГО „ПОЗДРАВИ“ БУЈАР НА КОНВЕНЦИЈАТА? Скандирањето на неговото име беше порака од Груби до Османи дека без неговите гласови во Чаир не се победува

Во кулоарите се тврди дека додека е во политички егзил, до Артан Груби стасале информации дека Бујар Османи, како министер за надворешни работи, лично го кодошел колегата министер Груби кај странските дипломати, дека вршел притисок врз претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, за да се обезбеди враќањето на Никола Груевски во Македонија. Чудно е што тоа го зборувал токму Бујар Османи, кого Вреди го прозва за негови лични средби во Будимпешта со Груевски, за што не слушнавме навремени и уверливи деманти.

1,230

На конвенцијата на Националната алијанса за интеграција (АКИ), предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во неделата, освен „УЧК, УЧК“, се скандираше и „Артан Груби“. Некои медиуми тоа го прочитаа како симболична демонстрација на политичкото наследство врз кое партијата гради мобилизација во кампањата. Но, добрите познавачи на состојбите во партијата велат дека скандирањето на името „Артан Груби“ сепак, носи една друга, многу посериозна порака.

Бујар Османи јавно се дистанцираше од Артан Груби






Кон крајот на август годинава, во интервју на ТВ21, кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, беше прашан дали по заминувањето на Артан Груби, тој ја наследил позицијата „најблизок човек до Али Ахмети“. Новинарот прецизно ја дефинираше смислата на оваа блискост, преку објаснување дека Груби секогаш стоел покрај Ахмети, грижејќи се за неговиот јавен имиџ и заедно се појавувале на секој комуникациски настан на долгогодишниот лидер на ДУИ.

Во одговорот, Османи не само што негираше дека ја презел улогата на Груби, туку отиде и чекор понатаму, коментирајќи дека таа поранешна пракса била погрешна и дека монополот на блискоста со Ахмети, кој сакал да го има Груби, му нанела сериозна штета на ДУИ. Директно или индиректно, со овој потег Бујар Османи покажа потреба да се дистанцира од поведението на Груби, во пресрет на кампањата за Чаир.

Кандидатот на ДУИ влетал во ризик

Со оглед на фактот што Артан Груби, заедно со судијата на Апелациониот суд Енвер Беџети, се најде на црната листа на САД, затоа што наводно заедно му помагале на Сашо Мијалков да се спаси од затвор, можеби овој комуникациски потег на Османи изгледаше логичен.

Но, во внатрешните кругови на ДУИ одамна се зборува дека двајцата чаирчани биле соперници, а Османи секогаш гледал на Груби како на пречка за својот напредок во политичката кариера. Дополнително, влијанието на Груби врз голема група избирачи, особено во општината Чаир, воопшто не е за занемарување. Затоа познавачите сметаат дека е чудно тоа што Бујар ризикува да ги демотивира поддржувачите на Артан во кампањата.

Партиски извори на ДУИ неофицијално коментираат дека Артан Груби имал силни мотиви да организира „поздрав“ до Бујар Османи на Конвенцијата на АКИ,. Гласното скандирање на името на Груби во салата, од страна на присутните членови на ДУИ, главно било наменето кон Бујар, кој требало да ја прими пораката дека без разлика на принудното отсуство на Артан, се уште конците се во неговите раце.

Дали Бујар Османи го кодошел Артан Груби кај странците?

Меѓутоа, за развојот на ова ривалство наводно не се кријат само личните политички амбиции на Бујар Османи и на Артан Груби, туку се работи за нешто подлабоко. Имено, според некои извори, додека се наоѓа во политички егзил, Артан Груби почнал да добива одредени информации до кои претходно немал пристап. Така, тој наводно слушнал дека Бујар Османи, во својство на министер за надворешни работи, лично го кодошел колегата министер Артан Груби кај странските дипломати.

Приказната што наводно дошла од Османи е дека Груби користел фантом-портали, кои биле сместени во Министерството за политички систем, за да врши притисок врз претседателката на Врховниот Суд, Беса Адеми, за да се обезбеди враќањето на Никола Груевски во Македонија. Тоа имало сериозно влијание за неговите нарушени позиции кај меѓународниот фактор.

Апсурдот да биде поголем, Бујар Османи има поголемо количество путер на главата и за оваа операција, преку негови средби во Будимпешта со Никола Груевски, за што Коалицијата Вреди јавно го прозиваше.

Ситуацијата во Чаир може да биде „дупло голо“ за кандидатот на ДУИ

Нашите извори тврдат дека Бујар Османи, после скандирањето на името на Артан Груби на конвенцијата на АКИ, е „дупло голо“.

Ако Артан јавно ја подржи неговата кандидатура, ќе му фрли анатема, бидејќи на Бујар му е многу важно да го задржи имиџот на посакуван политичар за меѓународната заедница, потајно надевајќи се дека кога тогаш ќе го преземе кормилото на ДУИ.

Од друга страна, ако Артан навистина е гневен на Бујар, тогаш многу е веројатно дека до неодамна најблискиот соработник на Али Ахмети, сега во политички егзил, сигурно ќе сака на денот на гласањето на Бујар Османи конкретно да му покаже дека без неговото влијание не се победува во Чаир.

Поврзани содржини