СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПОНИСКИ МЕСТА Студен руски бран ја зафати Македонија

Денеска снежната граница ќе се спушти и на помала надморска височина, односно под 1.000 метри. Повремен снег ќе има и во дел од повисоките градови особено во северните предели од земјава.

1,434

Под влијание на многу ладна воздушна маса која од Русија се спушта кон земјава, денеска (петок, 3 октомври) ќе биде уште поладно од вчера. Максималните дневни температури ќе бидат во интервалот од 0 до 9 степени. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието, каде локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Денеска снежната граница ќе се спушти и на помала надморска височина, односно под 1.000 метри. Повремен снег ќе има и во дел од повисоките градови особено во северните предели од земјава.






Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк.

Поврзани содржини