СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА Во август забележа годишен пад за 2,6%
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3,8 %.
Бројот на работниците во индустријата во август бележи годишен пад од 2,6%. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период лани, се намалил за 3,8 %, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот „рударство и вадење на камен се намалил“ за 1,7%, во секторот „преработувачка индустрија“ за 2,7%, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,6 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август на годишно ниво се намалил во групите Енергија за 1,8%, Капитални производи за 7,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2%, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7,3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3,8 %.