📽️ ГОРИ ГИГАНТСКА РАФИНЕРИЈА, РУСИЈА ПРЕД НАФТЕН КОЛАПС? Дронови ја погодиле критичната единица во Јарослав
Рафинеријата, петта по големина во Русија, се наоѓа 250 километри североисточно од Москва, односно околу 700 километри од украинската граница. Неодамнешните украински напади со дронови ја доведоа земјата до ивицата на нафтен колапс.
Гори една од најголемите рафинерии во Русија, Славнефт-ЈАНОС, која годишно преработува околу 15 милиони тони сурова нафтa, покажуваат снимки на социјалните мрежи. Се работи за петта по големина рафинерија во земјата.
Додека украинските извори велат дека е погордена критичната VT-6 единица што обработува преку 6,2 милиони тони лажно масло, гувернерот на регионот Јарослав ја смирува јавноста:
– Станува збор за технички дефект, а не за напад од дрон – изјави Михаил Јевраев на Телеграм.
Информацијата за пожарот во рафинеријата доаѓа во период на засилени украински воздушни удари врз руската енергетска инфраструктура.
🔥🛢️Russia’s fifth largest oil refinery is on fire this morning. Yaroslavl Oil Refinery with the total capacity of 15.7mln tons of oil per year was targeted. 700km from the frontline. pic.twitter.com/W1nhQEPo75
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) October 1, 2025
Рафинеријата се наоѓа 250 километри североисточно од Москва, односно околу 700 километри од украинската граница. Неодамнешните напади ја доведоа Русија до ивицата на нафтен колапс.
Според аналитичарите, се појавиле сериозни прекини во снабдувањето со нафтени деривати, а цените на бензинот пораснале во повеќе региони.
/2. Fire on the territory of the Yaroslavl Oil Refinery pic.twitter.com/q2LapHjKGf
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) October 1, 2025
Дронови неодамна ја погодија и фабриката на Газпром во Башкортостан, во втор напад за помалку од недела. Последиците биле толку сериозни што Кремљ морал да воведе делумна забрана за извоз на дизел до крајот на годината, а забраната за бензин останала на сила.
Според проценките, независните бензински пумпи низ Русија останале без резерви, што ја принудило владата да прибегне кон вонредни економски мерки. Западни аналитичари предупредуваат дека оваа нафтена војна може да прерасне во долгорочна криза.