„МИСЛЕВ КОЛКУ ГЛУП МОЖЕ ДА БИДЕ НЕКОЈ“ Германец случајно пронајде билет кој му донесе 15,3 милиони евра
Германец од западниот регион Хесен по шест месеци случајно пронашол заборавен лотариски билет во џебот на јакната и открил дека е добитник на фантастични 15,3 милиони евра.
Германец случајно пронашол заборавен лотариски билет во џебот од јакната што го купил шест месеци претходно, а кој му донел награда од 15,3 милиони евра, објави лотаријата Хесен.
– Слушнав на радио дека бараат добитник на награда и помислив колку глупав може да биде некој да не оди и да ја побара таа сума – рече човекот кој живее во Хесен, во западна Германија.
Лотаријата Хесен се обидуваше да го пронајде мистериозниот добитник половина година, објавувајќи огласи, а тој не беше свесен дека ја има добитната комбинација со дополнителен број.
Добитниот билет беше заборавен во џебот од неговата јакна во семејниот плакар, објави Фигаро.
Среќниот добитник конечно го пронашол билетот минатата недела и рекол дека парите што ги освоил ќе ги искористи за да купи нов кауч и да ги обезбеди своите деца, додека не ги открил другите планови.