УАПСЕН КОСОВЕЦ ВО КАРПОШ Крадел струја и престојувал нелегално во Македонија
МВР уапси 36-годишен косовски државјанин во Карпош поради кражба на струја и истечен престој во Македонија.
Полициски службеници од ЕВР Карпош вчера вечер во 20:00 часот уапсиле 36-годишниот С.Н. од Косово, кој се сомничи за кражба на електрична енергија и нелегален престој во државата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил откриен по пријава од ЕВН Македонија, поднесена на 1 јули оваа година, за неовластено преземање на електрична енергија. По преземените мерки, било утврдено дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што претходно го изнајмил, ја извршил кражбата.
При службениот разговор со осомничениот, дополнително било констатирано дека неговиот престој во државата не е регулиран и дека истекол уште на 15 септември годинава.
Против С.Н. е поднесена кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство во Скопје.