МАПА НА УКРАИНА СО СОВЕТСКИ ТОПОНИМИ И ЧЕТИРИТЕ РЕГИОНИ Руското министерство изненади со објавата на Телеграм
Од осамостојувањето во 1991 година, Украина постепено ги менувала советските топоними, но вистински пресврт настанал во 2015 година со донесувањето на законите за декомунизација, со кои биле забранети комунистички симболи и наложено било преименување на над 50.000 улици и населби.
Карта со имиња стари најмалку 40 години стана доказ“ за територијален напредок во Украина, но набргу се покажа дека е застарена, пренесува Вечерњи лист.
Руското Министерство за одбрана на својот официјален канал на Телеграм објави мапа на која се означени територии што, според Москва, биле „ослободени“ до 2025 година. Но, како што утврдија аналитичари и новински извори, таа содржи називи од советската ера.
На пример, градот Сиверск е означен со старото име „Јама“ што не се користи од 1973 година. Во источниот регион, Алчевск се појавува како „Коммунарск“, а Кадијевка како „Стаханов“ — имиња кои не се актуелни со децении.
Во делови близу Луханск, картата го користи зборот „Кадијевка“, но исто така го враќа старото име „Стаханов“ коритено од 1978–2016 година.
Овие несусогласувања предизвикаа оценка дека картата не е само застарена, туку и дека е намерно селектирана или лошо одбрана, со цел да се засили впечатокот за голем оперативен успех на руските сили — нешто што не одговара на реалната ситуација на бојното поле.
Многу аналитичари предупредуваат дека такви манипулации се дел од информациската војна: со историски или географски неточности се обидуваат да се обликува јавното мислење и да се легитимираат воени дејства.
Дополнително, ова не е првпат Владимир Путин или руската власт да користат стари или историски карти за свои цели — пример е кога тој во минатото повикуваше на карта од 17‑от век за да аргументира дека Украина „не постоела како држава“, иако таа карта всушност ја прикажува „Украина, земјата на Козаците“.
Украина во 2023 година донесе закон за деколонизација на топоними со цел да се забранат јавното користење и промоција на имиња поврзани со руската империална историја.
Од осамостојувањето во 1991 година, Украина постепено ги менувала советските топоними, но вистински пресврт настанал во 2015 година со донесувањето на законите за декомунизација, со кои биле забранети комунистички симболи и наложено било преименување на над 50.000 улици и населби.