17-ГОДИШНИК САКАЛ ДА ГО УБИЕ ТАТКА СИ СО НОЖ Малолетник му нанел тешки повреди на својот родител

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишник кој со остар предмет го нападнал сопствениот татко во нивниот дом.

678

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишно момче од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „убиство“ во обид.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 септември 2025 година во семејниот дом. Малолетникот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на својот 51-годишен татко.






Полицијата веднаш интервенирала, а случајот е целосно документиран. Против 17-годишникот е поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини