МУ БАРАЛЕ 40.000 ЕВРА И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО СМРТ Фатени двајца Турци со илјадници евра во Скопје

Случајот започнал откако Х.Џ.Ч. пријавил во полициска станица дека неколку дена бил изложен на закани од лице Б.О., турски државјанин кој живее во Обединетите Арапски Емирати.

749

Двајца турски државјани, Е.О. (29) и Е.А. (22), се лишени од слобода на подрачјето на Центар во Скопје, откако биле фатени при примопредавање на 40.000 евра. Акцијата ја спровеле полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител.

„Двајцата осомничени се затекнати во момент на примање на 40.000 евра од 26-годишниот Х.Џ.Ч. од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Парите претходно беа кримтехнички обработени“, соопшти полицијата.






Случајот започнал откако Х.Џ.Ч. пријавил во полициска станица дека неколку дена бил изложен на закани од лице Б.О., турски државјанин кој живее во Обединетите Арапски Емирати.

„Тој постојано му се заканувал дека ќе го убие доколку не му дава пари“, велат од МВР.

Според пријавата, пред да го информира полицијата, на Х.Џ.Ч. му се јавил Е.О., кој го известил дека парите треба да му ги предаде нему и најавил дека на средбата ќе дојде со уште едно лице.

Двајцата осомничени се задржани во полициска станица.

„По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини