„НЕ ДОБИВМЕ ПИСМЕНА ВЕРЗИЈА, А ОВА Е НАШАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА“ Хамас одговори на планот на Трамп за Газа
Функционерот на Хамас, Махмуд Мардави, во понеделникот изјави дека палестинската група не добила писмена верзија на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
Во врска со планот на Трамп за прекин на војната во Газа од Хамас изјавија дека сè уште не добиле писмена верзија на планот и дека положувањето на оружјето е црвена линија за нив.
Висок функционер на Хамас изјави за Би-Би-Си дека групата не добила никаква иницијатива за прекин на огнот од американскиот претседател Доналд Трамп преку посредник.
Функционерот рече дека Хамас останува отворен за проучување на секој предлог што би можел да ја заврши војната во Газа, но нагласи дека секој договор мора да ги заштити палестинските интереси, да обезбеди целосно повлекување на Израел од Газа и да доведе до крај на војната.
На прашањето за положувањето на оружјето, тој рече: „Положувањето на оружјето на отпорот е црвена линија сè додека трае окупацијата. Прашањето за оружјето може да се дискутира само во рамките на политичко решение што гарантира воспоставување независна палестинска држава во границите од 1967 година“.
Функционерот на Хамас, Махмуд Мардави, во понеделникот изјави дека палестинската група не добила писмена верзија на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
Тој ја даде изјавата во интервју за Ал Џезира и Мубашер ТВ кратко по заедничката прес-конференција меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на која Нетанјаху го прифати планот.