НОВАТА СЕЗОНА ВО МОБ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Отварање со „Реквием“ на Моцарт

Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на Моцарт.

42

Видеолотарија Касинос Австрија е сигурен партнер на културата. Тоа го потврдуваме и преку поддршката на новата сезона во Националната опера и балет.

Видеолотарија Касинос Австрија како лидер во секторот игри на среќа, со особена гордост ја презема улогата-партнер на културните збиднувања во Националната опера и балет. Во петок, 3.10.2025 година, со почеток од 20 часот, започнува новата сезона. На отварањето ќе биде изведено едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ на Моцарт. Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на Моцарт.






Во солистичката постава ќе настапат: Биљана Јосифов (сопран), Николина Јаневска (мецосопран), Јане Дунимаглоски (тенор) и Владимир Саздовски (бас). Заедно со оркестарот и хорот на Националната опера и балет, тие ќе создадат незаборавно музичко доживување кое ќе го означи почетокот на новата сезона.

Поддршката на културните настани е клучен сегмент од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија, насочена кон поттикнување на уметноста и збогатување на културниот живот во земјава. Со ова партнерство ја потврдуваме нашата заложба за поддршка на вредностите што културата ги носи во едно општество – убавината, инспирацијата, духовноста и заедништвото. Годи сме што ќе бидеме дел од настаните кои ја промовираат и унапредуваат културата.

 

Поврзани содржини