КОЛКУ ПАРИ ВРЕДАТ ТВОИТЕ НОКТИ? Необичен бизнис во Кина – ги продаваат ноктите за да се произведат лекови

За некои ова е дополнителен извор на приход, додека други сметаат дека е прилика да се искористи нешто што инаку би завршило во кантата за ѓубре.

236

Можеби звучи неверојатно, но во една од најмистериозните практики на современа Кина, обичните исечени нокти стануваат извор на неочекувана заработка. Додека поголемиот дел од луѓето овие остатоци ги гледаат само како отпад, во традиционалната медицина тие кријат вредност која привлекува сè поголемо внимание.

Исечените нокти се користат во препарати за лекување на стомачни тегоби кај деца и тонзилитис, а побарувачката за нив расте. Поради тоа, поединци сè почесто ги собираат своите нокти, ги чуваат со години и ги продаваат на компании што ги преработуваат во медицински производи.






За некои ова е дополнителен извор на приход, додека други сметаат дека е прилика да се искористи нешто што инаку би завршило во кантата за ѓубре.

Исечените нокти темелно се перат, сушат и се мелат

Компаниите што произведуваат традиционална кинеска медицина ги купуваат исечените нокти од училишта, села и од поединци.

Пред да се користат во препаратите, ноктите внимателно се перат, сушат и се мелат во фин прав. Дури по овие процеси, правот се додава во разни медицински производи, со што станува дел од третманот.

Собирањето на исечени нокти не е лесна задача

Возрасен човек во просек годишно создава околу 100 грама нокти, што значи дека е потребно многу време и трпение за да се собере доволна количина за продажба.

Токму поради тоа, цената на исечените нокти може да биде релативно висока. Пример за тоа доаѓа од Хебеј, каде една жена одлучила своите исечени нокти да ги продаде онлајн по цена од 150 јуани (околу 18 евра) за килограм. Таа ги собирала уште од детството, а сега пронашла начин да заработи од нив.

Ноктите од нозете не доаѓаат предвид

Употребата на човечки нокти во кинеската традиционална медицина е присутна со децении, но почнала да опаѓа во шеесеттите години на минатиот век, кога лакот за нокти станал популарен и почнал да ја „расипува стоката“. Сепак, и денес се користат, а се пронаоѓаат и алтернативни состојки со сличен ефект.

Сепак, треба да се знае дека не сите нокти доаѓаат предвид. Преработувачите јасно истакнуваат дека внимателно го проверуваат својот материјал и дека ноктите од нозете не се прифатливи.

Оваа необична практика покажува како културата и традицијата можат да создадат пазар дури и за нешта што на прв поглед изгледаат безвредни.

Поврзани содржини