ОД 40% НЕВРАБОТЕНОСТ ДО 16% Меџити сака да продолжи со развојот на Чаир

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Чаир, на отворањето на изборниот штаб во Гази Баба, истакна дека општината денес има сосема поинаков политички и економски капацитет од пред две децении.

74

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска го отвори локалниот изборен штаб во скопската населба Гази Баба, од каде упати порака за трансформацијата на Чаир од 2005 година до денес.

– Денес Чаир се разликува од 2005-та. Кога јас го презедов Чаир, немаше ниту општинска зграда. Невработеноста во Чаир беше 40%, денес е 16% – изјави Меџити.






Тој потсети дека некогаш Албанците имале минимална застапеност во државната администрација, нагласувајќи ја улогата на Чаир како општина која денес има клучно политичко значење.

– Кога не постоеше општината Чаир, таму бараа само некој возач, телохранител или секретарка. Денес Чаир ја детерминира албанската политика во Македонија – истакна кандидатот на Вреди.

Според Меџити, Чаир денес не е само локален политички центар, туку и симбол на промените што ги доживеале Албанците во земјата.

– На овие избори не е прашањето што ќе се случи во Кичево, Струга или други градови, туку кој ќе победи во Чаир – порача тој.

Поврзани содржини