📽️ 📷 КИЕВ ВО ПЛАМЕН, РАЗУРНАТИ ДОМОВИ И УЧИЛИШТА Масовен руски напад, се бројат повредените

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Русија употребила стотици беспилотни летала и ракети во најновиот напад.

2,488

Русија изведе масовен ракетен и дронски напад врз Киев и повеќе украински градови во текот на ноќта, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, вклучително и во региони далеку од фронтот.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Русија употребила стотици беспилотни летала и ракети во најновиот напад.

 






Петкатна зграда уништена во Киев

Според началникот на Воената администрација на Киев, Тимир Ткаченко, најголеми оштетувања се регистрирани во главниот град. Делумно е уништена петкатна станбена зграда, а оштетени се повеќе станбени комплекси, автомобили и објекти.

Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека најмалку пет лица се повредени и пренесени во болница.

– Проектили сè уште паѓаат врз градот. Ги повикувам жителите да останат во засолништа – изјави Кличко.

Во градот Фастив, пожар избувна во пекарница, при што беа повредени петмина работници.

 

Запорожје и други региони под удар

Во Запорожје, руски ракети оштетија девет куќи, 14 станбени згради, училиште и производствен објект. Пет лица беа повредени во два одвоени напади, потврди регионалниот гувернер Иван Федоров.

Во Хмелницката област експлозии одекнуваа цела ноќ, но засега нема информации за жртви.

 

Полска подигна борбени авиони

Како одговор на нападите, Полска подигна воени авиони, а воздушниот простор над Лублин и Жешов беше привремено затворен поради „непланирани воени активности“.

Инцидентите предизвикаа нова загриженост во НАТО, бидејќи руските беспилотни летала и авиони сè почесто влегуваат во воздухопловниот простор на Алијансата.

 

Предупредувања за нови напади

Украинските власти предупредуваат дека Русија ќе продолжи со масовни воздушни напади во наредните месеци, насочени кон енергетската инфраструктура, со цел дополнително да ја ослабне земјата пред зимата.

Поврзани содржини