ПРЕГАЗЕН Е ПЕШАК ВО СКОПЈЕ, ПОЧИНАЛ ВО БОЛНИЦА Приведен е 30-годишниот возач

288

Денеска во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6″ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По насоки на јавен обвинител возачот Г.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини