ЈА РАСПАРАЛЕ ВРЕЌАТА ЗА БОКС Уништени реквизитите во Паркот на франкофонијата

1,923

Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на франкофонија, утрово е затекнато уништено.

„Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле“, соопшти Општина Центар.






Случајот е пријавен во МВР.

Фото: Општина Центар

„Наместо простор за рекреација, некој избрал деструкција. Покрај тоа, искршено е и фудбалското игралиште во овој парк. Ова, за жал, не е прв ваков случај на вандализам во нашата општина. Апелирам до сите граѓани да го чуваат јавниот простор и заедничките содржини создадени за спорт, рекреација и дружење“, порача Герасимовски.

Новата теретана се состоеше од 17 справи, а овие денови требаше да се постави и специјална тревна подлога за поголема безбедност при користење.

Поврзани содржини