ПОЛИТИЧКАТА СТАБИЛНОСТ Е НАЈВАЖНА Русија постигнува успеси во сите области, се пофали Путин

Луѓето разбираат колку ова отсекогаш било важно за Русија, а во денешните околности е двојно, тројно поважно: колку е важна политичката стабилност, стабилноста на нашиот политички систем и внатрешнополитичката ситуација - рече Путин за време на состанокот со шефицата на Централната изборна комисија Ела Памфилова.

235

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија постигнува успех во сите области – воена, безбедносна и економска, но истакна дека во сегашните околности на Русија особено ѝ е потребна политичка стабилност.

– Луѓето разбираат колку ова отсекогаш било важно за Русија, а во денешните околности е двојно, тројно поважно: колку е важна политичката стабилност, стабилноста на нашиот политички систем и внатрешнополитичката ситуација – рече Путин за време на состанокот со шефицата на Централната изборна комисија Ела Памфилова.






Тој додаде дека политичката стабилност, која делумно ја обезбедуваат гласачите, е основа на успехот на Русија во сите области, вклучително и воената и безбедноста.

– Многу сум благодарен на луѓето кои не се плашеа од ништо и кои излегоа на гувернерските избори, исполнувајќи ја својата должност. Во денешните околности, ова е исклучително важно – нагласи рускиот претседател.

Поврзани содржини