БАНКИТЕ ИМААТ УШТЕ ДВА МЕСЕЦА ДА ГИ ПРОМЕНАТ УСЛОВИТЕ ЗА КРЕДИТИТЕ ЗА ПРВ СТАН Славески очекува при утврдување на каматите тие да ја применат светската практика

Гувернерот вели дека периодот до примена на новите правила, банките ќе го искористат за правење проценки и пресметки што за нив е поповолно.

756

Народна банка не ги утврдува каматите и стапките на кредитите но како централна банка укажуваат на една практика во светот која се заснова на процената на ризикот дека семејствата коишто за прв пат купуваат стан и живеат во него или куќа се помал ризик од аспект на сервисирање на обврските и тие добиваат поповолни услови – камати од банките, изјави денеска гувернерот на Народна банка Трајко Славески запрашан кога може да се очекува намалување на каматните стапки на кредитите за купување прв стан и намалување на процентот на учество за овие кредити.

Славески рече дека очекува светската практика да се види и во земјава со тоа што ќе ја применат комерцијалните банки.






-Банките имаат два и пол месеца за подготовка и очекуваме да се придржуваат на одлуката  од аспект на тоа што е во надлежност на Народна банка во регулирањето на учеството во однос на месечната рата на кредитот и она ограничување што се однесува на висината на сопственото учество и вредноста на имотот којшто станува залог – рече Славески.

Славески информира дека досега нема никаква официјални ниту неофицијална реакција од банките во врска со новите услови за намалување на учеството за кредитите за прв стан ниту за препораката за намалување на каматните стапки.

-Немаме, треба да ги слушнеме, најверојатно прават проценки и пресметки. Немам ниту официјална, ниту неофицијална најава од страна на банките. Мислам дека се уште е рано –  рече Славески.

Тој рече дека е релативно тоа дали се поповолни кредитите за учество од 10 или од 20 % во услови кога граѓанинот која сака да земе кредит нема доволно пари.

-Ако можете сега вие да земете кредит со 10.000 евра во денарска противредност за помал стан кој не мора да биде во центарот на Скопје, влегувате во решавање на своето сопствено станбено прашање. Ако ви се потребни наместо 10, 20.000 евра вие ќе треба да ги позајмите од некаде за што ќе плаќате камата или да речеме од своите најблиски, роднини, пријатели или потрошувачки кредит, што се има трошок. Сакам да кажам дека нема ниту еден аргумент дека ова не е поповолно или не би било поволно за некој што го нема решено станбеното прашање -рече Славевски.

Поврзани содржини