МЕМОРАНДУМОТ ОД БУДИМПЕШТА НЕ УСПЕА Украина со сојузниците гради нова безбедносна архитектура

На вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН за Украина, Зеленски во тој контекст напомена дека Киев добива помош од своите европски сојузници и САД, пренесе Униан.

370

Меморандумот од Будимпешта „не успеа“ и стана „празна прикаска“, а сега Украина гради нова безбедносна архитектура, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН за Украина, Зеленски во тој контекст напомена дека Киев добива помош од своите европски сојузници и САД, пренесе Униан.






Тој нагласи дека Меморандумот од Будимпешта, што беше потпишан за да се гарантира безбедноста на Украина во замена за откажувањето од нуклеарно оружје, не успеа и дека неуспехот докажа дека меѓународните ветувања можат да се претворат во празни зборови.

– Затоа денеска, заедно со Велика Британија, Франција и повеќе од 30 земји во нашата „Коалиција на подготвените“, градиме нова безбедносна архитектура. Сметаме на сигурната поддршка од САД – истакна Зеленски, додавајќи дека вистинските безбедносни гаранции мора да станат граница што Русија повеќе не може да ја премине.

Зеленски, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин „се плаши од преговори и патува во странство само за да купи време за убивање“, додека, како што изјави, се преправа дека бара дипломатски резултати, пренесе Униан.

На 5 декември 1994 година во Будимпешта беше потпишан меморандум меѓу Украина, Русија, САД и Велика Британија во врска со нејзините безбедносни гаранции по откажувањето од нуклеарното оружје.

По стекнувањето независност во 1991 година, Украина поседуваше трет најголем нуклеарен арсенал во светот.

Во замена за гарантирана безбедност, се согласи да го предаде своето нуклеарно оружје на Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека одлуката за предавање на нуклеарно оружје во согласност со Меморандумот од Будимпешта е грешка и ако не може да се избегне, тогаш требало да се замени со членство во НАТО, наведе Униан.

Поврзани содржини