НЕТО НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ ИЗНЕСУВА 4,59 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Приватниот нето-долг има поголемо учество во вкупниот долг

На крајот на вториот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12,15 милијарди евра (74,5% од проектираниот БДП) и забележа квартално зголемување од 117 милиони евра.

345

Во вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува 4,59 милијарди евра, покажуваат податоците од објавеното редовно статистичко соопштение на Народната Банка.

„На 30 јуни 2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4,59 милијарди евра ( 28,2% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 година, е зголемен за 44 милиони евра, или за 1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,1%“соопшти НБ.

 






Во текот на вториот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 119 милиони евра и изнесува 8,98 милијарди евра, што претставува 55,1% од проектираниот БДП за 2025 година. Од овој износ, најголемиот дел, или 93%, се нето-обврски врз основа на директните инвестиции, од кои 71% се врз основа на сопственички капитал.

На крајот на вториот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12,15 милијарди евра (74,5% од проектираниот БДП) и забележа квартално зголемување од 117 милиони евра.

Поврзани содржини