„ВАШИТЕ ЗЕМЈИ ОДАТ ПО ЃАВОЛИТЕ ПОРАДИ МИГРАНТИТЕ“ Трамп силно ги критикуваше сојузниците, не ја заборави и Русија

Во однос на Украина, првиот човек на САД се пофали дека војната ќе била спречена ако тој бил претседател. Тој исто така предупреди дека доколку Русија не сака да постигне мир, САД се подготвени за „моќни царини“, но дека САД очекува и Европа да се приклучи кон евентуалните санкции.

2,351

„Време е да се заврши неуспешниот експеримент со отворени граници. Мора да го завршите сега. Ме бива за овие нешта. Вашите земји одат по ѓаволите“.

Вака изјави американскиот претседател Доналд Трамп во говорот пред 80-тото Генерално собрание на Обединетите нации критикувајќи ги поликитите за илегални мигранти на некои од земјите во Европа.






Со реторика на работ од дипломатското, Трамп го искористи говорот да ги искритикува своите сојузници,но и своите непријатели. Шефот на САД исто така гордо изјави дека имиграцијата била сведена на минимум благодарение на мерките што САД ги спровеле во Ел Салвадор, а на Европа ѝ препорача да го следи неговиот пример.

– Кога почнавме да ги притвораме и депортираме сите што ја преминуваат границата, тие едноставно престанаа да доаѓаат – рече Трамп.

„Ќе ги збришеме наркокартелите од лицето на Земјата“

Зборувајќи за активностите на американската администрација против картелите во водите околу Латинска Америка, Трамп рече дека САД „неодамна почнаа да ја користат врховната моќ на војската за уништување на венецуелските терористи и мрежите за трговија со луѓе предводени“ од венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Трамп ги предупреди, рече тој, сите терористички насилници кои шверцуваат отровни дроги во Соединетите Држави.

– Ве молиме бидете предупредени дека ќе ве збришеме од лицето на земјата.

7 сопрени војни, меѓу нив Србија и Косово?

Во говорот што траеше нешто повеќе од 45 минути, Трамп ја нападна претходната администрација, обвинувајќи го неговиот претходник Џо Бајден за „серии катастрофи“. Потоа зборуваше за своите постигнувања од вториот претседателски мандат, според него, економски бум, намалени даноци, рекордни инвестиции, па дури и, како што кажа, седум војни што завршиле.

Тој тврдеше дека неговата администрација ставила крај на судирите меѓу Израел и Иран, Пакистан и Индија, Руанда и ДР Конго, Тајланд и Камбоџа, Ерменија и Азербејџан, Египет и Етиопија, како и Србија и Косово.

„Признаена Палестина значи повеќе тероризам“

Но, најмногу внимание предизвика неговата реакција на признавањето на палестинската држава.

– Дел од ова тело се обидува еднострано да признае палестинска држава. Наградите би биле преголеми за терористите на Хамас за нивните злосторства – соопшти американскиот лидер, предупредувајќи дека ова ќе значи охрабрување на тероризмот.

Моќни царини за Русија, само ако се приклучи Европа

Во однос на Украина, првиот човек на САД се пофали дека војната ќе била спречена ако тој бил претседател. Тој исто така предупреди дека доколку Русија не сака да постигне мир, САД се подготвени за „моќни царини“, но дека САД очекува и Европа да се приклучи кон евентуалните санкции.

Трамп упати критики и до Индија и Кина за купувањето руска нафта, како и до членките на НАТО кои се во економска симбиоза со Москва. Говорот го заврши со критика за зелената енергија и повик за глобална контрола на биолошкото оружје.

Биолошкото оружје да се следи со вештачка интелигенција

– Ако не се извлечете од оваа измама со зелена енергија, вашата земја ќе пропадне – рече Трамп, нарекувајќи ги обновливите извори „шега“. Особено ја нападна Европа, за која рече дека е „на работ на уништување поради агендата за зелена енергија“.

Шефот на САД предупреди дека светот би можел да заврши ако се користи биолошко оружје и најави дека САД ќе воведат систем за верификација на вештачката интелигенција за да се следи пристапот до опасни технологии.

Поврзани содржини